мвр
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
29.10.2024 20:03
Вчера во 16.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Л.(32) од Тетово, затоа што при претрес, врз основа на судска наредба, извршен околу 16 часот во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага...

Вчера во 16.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Л.(32) од Тетово, затоа што при претрес, врз основа на судска наредба, извршен околу 16 часот во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
М.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
