Европска унија

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување

29.10.2024 14:38

По усвојувањето, пакетот ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји...

Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за напредокот на земјите кандидатки за членство во ЕУ, вклучително и Северна Македонија.

По усвојувањето, пакетот ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Во Извештајот се анализира напредокот постигнат од страна на земјите кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои се соочуваат и реформите што треба да ги испорачаат.