Грузија:Тензии по изборите, Орбан во Тбилиси
Грузиската владејачка партија, која се соочи со масовни опозициски протести со барање за поништување на прогласената победа на парламентарните избори поради наводите за фалсификување гласови помогнати од Русија, доби поддршка со посетата на унгарскиот премиер, Орбан, кој е првиот странски лидер кој му честиташе на „Грузиски сон“...

Грузиската владејачка партија, која се соочи со масовни опозициски протести со барање за поништување на прогласената победа на парламентарните избори поради наводите за фалсификување гласови помогнати од Русија, доби поддршка со посетата на унгарскиот премиер, Орбан, кој е првиот странски лидер кој му честиташе на „Грузиски сон“. Претходно десетици илјади Грузијци се собраа пред парламентот, со барање за нови избори под меѓународен надзор.
„Фактот што посетата на премиерот се случува за време на унгарското претседавање со Советот на Европската унија има особено значење. Наш примарен надворешнополитички приоритет е интеграцијата во Европската унија. Во овој поглед, Унгарија игра клучна улога. Имаме голема надеж за континуирана поддршка во иднина“, изјави Иракли Кобахидзе, премиер на Грузија.
„Му честитам на премиерот на изборната победа. Ја гледам дебатата што се разгоре околу изборите, ги читам оценките на меѓународните организации и гледам дека никој не се осмелува да се сомнева дека овие избори беа слободен и демократски избор. Самите избори беа слободни и демократски. Но, ќе има дебати за вашиот избор во Европа“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
