Аргентина

Се урна десеткатница во Аргентина, се трага по преживеани

29.10.2024 21:53

Во моментот на несреќата се претпоставува дека имало меѓу седум и девет лица, меѓу нив и градежни работници кои наводно работеле без дозвола...

Аргентинските спасувачки екипи трагаат по преживеани откако 10-катна хотелска зграда се урна во крајбрежниот град Вила Гесел во провинцијата Буенос Аирес. Во моментот на несреќата се претпоставува дека имало меѓу седум и девет лица, меѓу нив и градежни работници кои наводно работеле без дозвола.

Според општинските власти, градежните работи на локацијата биле прекинати во август годинава.