Зголемени субвенции за јачмен
Производителите на јачмен ќе добијат двојно поголема субвенција. Наместо сегашните 6.000 ќе изнесува 12.000 денари за хектар. За да ги добијат парите треба да поднесат барање во електронскиот систем на платежната агенција до 25-ти декември годинава и да имаат минимум просечен принос од 3.000 килограми по хектар...

Со изменување на уредбата за директни плаќања за 2024 година, висината на поддршката за јачмен се зголемува од 6.000 на 12.000 денари по хектар.
Корисници се земјоделските стопанства кои оваа реколта имаат засеани и ожнеани површини со оваа житарица и кои годинава имаат поднесено барање за субвенции.
Услов е да имаат остварен минимум просечен принос од 3.000 килограми за пријавен хектар, производството да го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, да го користеле за исхрана на сопствениот или го продале на регистриран одгледувач на добиток.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата до 25-ти декември 2024 година.
Ова зголемување на субвенцијата е поради помалите приноси и ниската откупната цена на јачменот од 9 денари за килограм за да се покрие загубата кај производителите на оваа земјоделска култура.
Методија Трајков
