Евроинтеграции
ЕК денес ќе го усвои пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување
30.10.2024 08:16
Пакетот ќе го презентираат високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Европската комисија денеска треба да ги усвои извештаите за напредокот на земјите-кандидатки, вклучително и за Македонија, но, ќе ја претстави и стратегијата за проширувањето.
Пакетот ќе го презентираат високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.
Во извештаите се анализира напредокот што е постигнат од земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и предизвиците со кои се соочуваат и реформите што треба да ги испорачаат.
