Големо невреме во Шпанија, има и загинати
Големи поплави предизвикани од поројни дождови вчера ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија. Поплавени се мостови, патишта, неколку лица се водат за исчезнати, а според шпанските медиуми, има и загинати...

Шпанија ја погоди силно невреме, што доведе до поплави во неколку региони. Шестмина луѓе се водат како исчезнати во гратчето Летур во источната провинција Албасете.
Големи поплави предизвикани од поројни дождови вчера ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија. Поплавени се мостови, патишта, неколку лица се водат за исчезнати, а според шпанските медиуми, има и загинати.
Неколку тела се пронајдени откако поројните дождови предизвикаа поплави во југоисточна Шпанија, изјави шефот на регионот Валенсија. Властите не ја кажаа точната бројка починати, додека продолжуваат спасувачките напори. Итните служби примиле стотици повици за помош од заглавени луѓе во поплавените области.
Шпанската метеоролошка служба прогласи црвена тревога за Валенсија и второто највисоко ниво на тревога за делови од Андалузија.
