Блиски Исток

Продолжуваат тензиите меѓу Израел и Иран

30.10.2024 08:32

Израел ќе знае како да стигне до Иран доколку Техеран возврати со уште еден ракетен бараж, став на израелската одбрана...

Израел ќе знае како да стигне до Иран доколку Техеран возврати со уште еден ракетен бараж, став на израелската одбрана. Реакцијата следува откако Иран се закани дека одговорот по одмаздничкиот напад од Тел Авив нема да биде избрзан.

„Ако Иран направи грешка да лансира нов ракетен бараж кон Израел, ние повторно ќе знаеме како да стигнеме до него, со способности кои не ги ни користевме овој пат“, изјави генерал-полковник Херзи Халеви, израелски началник на Генералштабот.

Во меѓувреме, Хамас објави дека го прифаќа барањето на посредниците да разговараат за новите предлози за прекин на огнот и ослободување на заложниците и палестинските затвореници.

„Делегацијата на движењето потврди дека сме отворени за секаков договор или идеи кои ќе стават крај на страдањата на нашиот народ во Газа и ќе го прекинат огнот еднаш засекогаш“, изјави Сами Абу Зухри, висок претставник на Хамас.

Меѓународната заедница и натаму реагира по забраната од Израел за агенцијата за палестински бегалци. На фронтот борбите продолжуваат и во Либан и во Газа.