Истрагата за уривањето на малезискиот авион тапка во место
Владата на Украина ги обвини проруските бунтовници дека се обидуваат да ги уништат доказите...

Се уште трае мистеријата и меѓусебните обвинувања меѓу Украина и Русија - кој и зошто го урна малезискиот авион во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот. Истрагата тапка во место. Владата на Украина ги обвини проруските бунтовници дека се обидуваат да ги уништат доказите. Според нив досега 38 тела се однесени во Доњецк, и велат - имаме сериозни докази дека бунтовниците се винови за несреќата.
„Дали украинските вооружени сили се подготвени на меѓународните инспектори да им ги презентираат документите за истрелите воздух-воздух и земја-воздух. Тоа е многу важно прашање, кое ќе ни овозможи кој систем бил користен при падот на малезискиот авион“, вели Анатолиј Антонов, министер за одбрана на Русија.
113 малезиски експерти дојдоа на истокот на Украина да учествуваат во истрагата. Од ОБСЕ велат – нашите набљудували сторго им е ограничен пристапот до патнатиот авион. Местото е контролирано од вооружени мажи.
„Ве предупредив еднаш. Овде имате обезбедување. Тој што ќе ја помине линијата и нема да ги почитува моите наредби, ќе се соочи со последици. Се наоѓате на територијата на Народна Доњецка Република“, рече проруски бунтовник
„Истражниот тим е на местото на несреќата, ние не сме тука да ја бараме причината, туку да ги оцениме каква е состојбата и дали има услови за објективно откривање на виновникот“, вели Александер Хаг, шеф на мисијата на ОБСЕ.
Се очекува денеска да пристигнат и претставниците на Интерпол.
„Ова е голема трагедија и за семејставата и за нацијата. Се надевам дека меѓународната истрага ќе каже што точно се случило. Настрадаа невини деца и затоа треба поскоро да се најде виновникот“, рече Кофи Анан, поранешен секретар на ОН.
Граѓаните кои живеат во близина на местото каде се случи несреќата сведочат за потресна слика. Телата на патниците се расфрлени насекаде, делови од тела се најдени и на 4 километри од местото на несреќата. Остатоци има и во дворовите. Граѓаните на москва, пред амбасадата на Холандија положуваат цвеќе. Семејствата на патниците без надежи ги очекуваат телата на своите најблиски.
Се очекува двете црните кутии кои беа пронајдени вчера да ја расветлат причината за оваа голема трагедија.
Марија Петковска
