Северна Кореја испрати 10.000 војници во Русија, тврди Пентагон
Севернокорејски трупи се во регионот Курск, тврдат од Пентагон. Се верува дека околу 10.000 војници се обучуваат во источна Русија...

Севернокорејски трупи се во регионот Курск, тврдат од Пентагон. Се верува дека околу 10.000 војници се обучуваат во источна Русија и истите, веројатно ќе ги зголемат руските сили во близина на Украина во текот на следните неколку недели.
„Остануваме загрижени дека Русија има намера да ги користи овие војници во борба или да ги поддржи борбените операции против украинските сили во Курск. Ние продолжуваме внимателно да следиме и да се консултираме со нашите украински партнери, како и со другите сојузници“, изјави Генерал-мајор Пат Рајдер, портпарол на Пентагон.
Руските сили влегле во стратешки важниот град Селидове во регионот Донецк. Од украинската одбрана велат дека источниот фронт е урнат. За две недели, Москва со втора нуклеарна вежба. Извршена симулација на голем нуклеарен напад. Вежбата, за која портпаролот на Кремљ, рече дека е планиран настан, вклучува лансирање на балистички и крстаречки ракети.
