АЛБАНИЈА

Опозицијата во Албанија го блокираше сообраќајот низ земјата

30.10.2024 08:33

Албанската опозиција ги блокираше крстосниците низ земјата...

Албанската опозиција ги блокираше крстосниците низ земјата. Бараат актуелната влада да биде заменета со техничка пред парламентарните избори наредната година. Илјадници полицајци беа распоредени за да ги заштитат владините згради. Регистрирани судири меѓу чуварите на редот и активистите пред да завршат собирите во доцните вечерни часови.

„Граѓанската непослушност почна да ги дава своите плодови. Нашиот отпор ќе продолжи. Граѓанската непослушност ќе донесе решение за Албанија и за Албанците“, изјави Фламур Нока, лидер на опозициската Демократска партија.

Конзервативните демократи на чело со поранешниот премиер Бериша долго ги обвинуваат социјалистите на премиерот Рама за корупција, изборни манипулации и узурпирање на судството. САД и ЕУ претходно ја повикаа опозицијата да го продолжи дијалогот со владата, порачувајќи дека насилството нема да и помогне на земјата да се интегрира во ЕУ.