На македонската почва успешно се одгледуваат брокули
На македонската почва успеваат многу земјоделски култури, треба да се има само добра идеа и желба за работа. Народната поговорка дека земјата арамија не е туку напротив во целост се потврдува во следниов прилог...

Две години Љубица Ѓжониќ од село Црничани дојранско, одгледува брокула. Десетгодишното искуство и поажало дека најдобро за усовршување на производството и добар профит е ориентирање кон една земјоделска култура. Затоа одлучила нејзната плантажа од 12 декари да ја посее со брокула. Летно есенската и есенско зимската сеидба ја покриваат цела година со производство, на традиционален начин.
„Ја одгледувам на класичен начин, семенскиот материјал се формира во расад, кој потоа за еден месец се расадува на нива, па потоа се обработува“, вели Љубица Ѓоник, производител на брокула.
За еден декар треба околу 300 евра почетна инвестиција. Ѓониќ смета дека најдобро е понатаму профитот да се реинвестира во современи технологии на производство, како што е капка по капка за одржување на брокулата свежа во летниот период.
„Моментално распрскувачкиот систем ми е најфункционален и најефтина, и употребувам распрскувачки систем бидејќи летното производство бара да се создаде микро клима, бидејќи брокулата не сака ногу топла клима,“ вели Ѓониќ.
Пласманот на брокулата е стресен поради немањето организиран откуп на брокулата која има краток вегетативен период. Битни се контактите и довербата со домашните откупувачи, вели Ѓониќ. Словенечкиот пазар има најголема апсорпциона моќ за македонската брокула, но потребно е пред се окрупнување на земјоделците.
Катерина Давчева
