Трипуновски: Искористувањето на природните ресурси е една од целите на македонската земјоделска политика
Во водењето на македонската земјоделска политика една од основните цели е оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина...

„Природните богатства, вклучувајќи го земјоделското земјиште, растителниот и животинскиот свет, се уставно дефинирани како добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита, за што истите се третираат и во поедини Закони, меѓу кои и повеќе Закони во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната конференција во Белград насловена „Трансформација прехранбених система“.
Тој додаде дека во водењето на македонската земјоделска политика една од основните цели е оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина. Во овој стратешки период оваа цел е дефинирана како една од основните стратегиски цели: Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите.
Министерот посочи дека особено се значајни активностите за поддршка на земјоделците за примена на еколошки и климатско подобни земјоделски практики, како и обуки за примена на нови земјоделски системи (вклучувајќи го и регенеративното земјоделство), со цел намалување на влијанието од климатските промени.
