Евроинтеграции

Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024

30.10.2024 14:01

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Северна Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски...

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Северна Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми.

Прес-конференција за презентација на Извештајот за Северна Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.

Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Северна Македонија, како и пред граѓански организации.