Локална самоуправа

ЗЕЛС останува обединет

30.10.2024 14:38

Струмица не излегува од ЗЕЛС. Претседателот Ѓорѓиевски и градоначалникот Костадинов ја затвораат темата за поделби и отстапувања, децидни се дека ЗЕЛС останува обединет...

Водата ги скара, таа и ги смири. После се, заклучиле Струмица да не излегува од Заедницата на единиците на локална самоуправа. Претседателот Ѓорѓиевски и градоначалникот Костадинов ја затвораат темата за поделби и отстапувања, децидни се дека ЗЕЛС останува обединет, вели Ѓорѓиевски. Тој додава дека заеднички ќе се решаваат сите предизвици и дека порачува никој од колегите да не потклекнува на политички интереси, туку да работат за граѓаните.

И потпретседателот на ЗЕЛС смета дека дијалогот ќе биде секогаш начин на комуникација.

Одговорајќи на новинарско прашање за извештајот на Државниот завод за ревизија за ЈСП каде се констатирани неправилности Ѓорѓиевски одговори дека сè уште не го видел, но дека се потребни решенија, а не констатации и затоа ќе понудат предлози за да се средат состојбите во претпријатието.

Фиљана Кока