Лица со попреченост

Предизвици на лицата со попреченост

30.10.2024 14:46

Тешко се стигнува до Собрание а уште потешко до дома. Лицата со попреченост го прават невозможното за да можат да функционираат. Побараа да станат дел од пратеничкиот состав, за да направат промени во системот...

Голем предизвик да стигне до локацијата, но уште поголем кога треба да се врати повторно дома. 27-годишната Рабие Умер, заедно со лицата со попреченост седнаа со пратениците во Собраниската комисија и побараа да бидат слушнати, не само денес туку многу повеќе и во иднина. Ги потсетија народните избраници дека превозот и непристапноста во државните институции им создаваат сериозни проблеми. Оваа млада девојка пред камерата на МТВ рече дека иако е лице со попреченост ништо не може да ја спречи за да се бори за еднаквост. Вели, завршив и факултет, а сега работам, но најголем проблем е превозот.

Конвенцијата е донесена пред 14 години, но слабо се работи. Закони има, но нивното спроведување е многу тешко. Здруженијата бараат лицата со инвалидност да бидат дел од наредниот парламентарен состав.

Формирана парламентарна група за правата на лицата со хендикеп.

Во парламентарното јадро на оваа група вклучени се пратеници од сите политички партии од кои лицата со хендикеп очекуваат конкретни активности за подобрување на нивните права.

Животот е предизвик и секој од нас може во одреден миг да биде исправен пред одредена бариера, но лицата со попреченост секојдневно с соочуваат со бариери. Потребно е еднаквост и достоинство, подигнување на јавната свест и унапредување на нивните права во сите сфери на општеството.

 
 

Ана Јосифоска