Интервју

Жан Пјер Симеон: Македонците треба да имаат самодоверба во себе си, во духовните и во природните богатства

30.10.2024 15:02

„Гледајќи низ поетската цел, се потсетуваме дека единствено значајни се животот, срцето кое ја отчукува едноставноста на постоењето и потребата да бидеме што подобри кон другите луѓе.“

Истакнатиот француски поет, драматург и есеист Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, на позледното, 63-то издание на фестивалот даде специјално интервју за МТВ. Со еден од највлијателните интелектуалци, мислители и уметници на денешното време, отворивме повеќе теми и размисли поврзани со творештвото и со  актуелните предизвици на времето во кое живееме.

Жан-Пјер Симеон, поет, драматург и есеист, е роден на 6 мај 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси, предавал на Универзитетскиот институт за обука на предавачи на високообразовни институции во Оверњ, на Високата национална школа за театарски уметности, како и на Институтот за политички науки во Париз.

За своето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди, меѓу кои: наградата Теофил Бријан, наградата Морис Сев, наградата Антонен Арто, наградата Аполинер, наградата Макс Жакоб, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, највисоката награда за животно дело Мон Сен-Мишел за целокупното свое творештво, меѓународната награда за современа поезија („International Contemporary Poetry Award“) и највисоката награда за поезија на Француската академија.

Жан-Пјер Симеон е одликуван со следните ордени: Витез во Редот за национални заслуги, Командант за заслуги во Редот на уметностите и книжевностите, и Витез за заслуги во Редот на академските палми.

Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во „Gallimard“ (Галимар).

  • Што значи за еден поет да добие таква голема награда како што е „Златниот венец“ на СВП?
  • Секогаш е значајно за еден поет да биде препознаен од колегите, од другите поети, тоа емотивно не допира, затоа што додека пишуваме, ние не знаеме колку е вреди напишаното. Се вели дека читателите се секогаш во право, така што, доколку читателите ни кажат дека сме на вистинскиот пат, доколу нашите пријатели, поетите, оние кои ја разбираат поезијата ни кажат дека јасно го разбираат нашето дело, тоа ја оправдува  творечката работа.
  • Какви се вашите импресии од СВП?
  • Општо е познато дека СВП е еден од најстарите и еден од  најголемите поетски фестивали во светот. По трет пат доаѓам тука и секогаш одново сум восхитен и среќен поради  ентузијазмот кон поезијата и можноста за средби. Македонија во себе ја носи поезијата, има прекрасни пејсажи и дух. Има нешто трогателно кога доаѓате тука. Во други земји, дури и во Франција понекогаш забораваме на значењето напоезијата. Навистина е впечатливо да се пристигне на место каде што сте добредојдени и признаени.  Македонците кои ги среќавам се топли и пријателски расположени. Тоа е вистинска среќа. Исто така има и прекрасни пејсажи низ кои досега три пати сум поминал и сум имал можност да ги видам.  Секогаш кога доаѓам во Струга и кога патувам преку планините гледам  моќни пејсажи, ги гледам шумите и небото. Потоа, пристугнувам тука и доживуам посебна импресиија, пред мене се простира езерото кое се отвора пред нас, се чини како просторот да ги шири рацете и ни посакува добредојде. Потоа, ги гледаме езерото и небото  и наеднаш имаме чувство како да сме некаде каде што има неискажлива убавина. Простор кој не води кон слободата!
  • Колку во ова предизвикувачко време е значајни поезијата, имајќи ги предвид војните, рапидниот развој на технологијата, и во тој контекст, колку е значајно луѓето и народите да се доближуваат преку уметноста?
  • Сиот мој живот се обидувам да го нагласам значењето на поезијата, за сите, не само за поетите и за професорите. Значењето кое го има за колективната мисла, за политичкиот живот. Поезијата ни е потребна поради тоа што се спротивставува на сите лоши навики во светот, на се помоќната технологија која не преплавува и доминира. Поезијата се спротивставува и на виртуелниот свет и на илизујата која тој ја носи. Поезијата воедно го нагласува значењето на човекот и хуманоста. Сметам дека човековиот живот е позначаен од се. Она што не зближува е нашиот обид да живееме интензивно, да живееме колку што е можно повеќе. Живееме во турбулентен свет кој е обземен од моќтта. Гледајќи низ поетската цел, се потсетуваме дека единствено значајни се животот, срцето кое ја отчукува едноставноста на постоењето и потребата да бидеме што подобри кон другите луѓе.
  • Како доаѓате до идеите, каде ги пронаоѓате темите за вашето творештво? Дали е возможно со еден збор или со едно дело, со некоја моќна идеја поетот да го промени или да го подобри светот?
  • Поезијата за мене е разговор помеѓу луѓето којшто ни е повеќе од потребен. Денес,  многу нешта не оддалечуваат едни од други, има премногу опсесија насекаде во општеството. Опседнати сме со идентитетот, со уверувањата и традициите. Сето ова поезијата  успева да го надмине. Таа не обединува преку универзалниот јазик. Поезијата не потсетува  дека сите поети во светот говорат на ист јазик и би сакале сите да можат да го слушнат овој заеднички јазик кој не зближува и не прави дел од човештвото.
  • На што работите сега и кои се вашите планови за блиската иднина?
  • Неодамна објавив една книга и сега сум во период кога не пишувам. Од време на време е потребно да ја пронајдеме тишината пред да проговориме. Верувам дека поезијата е суштинска и дека денес, говорот е единствениот којшто во себе ја носи тишината. Тишината е неопходна за да можеме понатака  да продолжиме да пишуваме значајни зборови и дела.  Тишината ни е потребна, но живееме во свет исполнет со звуци, свет во кој постојано брзаме, а поезијата се раѓа од тишината, таа се храни од тишината која е во нас и од која произлегува суштината.
  • Имате ли посебна порака до Македонците и порака до сите почитувачи на уметниоста и поезијата во светот?
  • Мојата порака за Македнците е таа којашто постојано и насекаде ја повторувам кога патувам низ Франција, во градовите кои ги посетувам. Зборувајќи за поезијата јас велам дека таа не е се пишува за поетите, таа е наменета за сите. Поезијата е повик да се живее автентично, да се живее исполнето, без разлика дали некој е богат или сиромашен, дали некој е познат или не е, навистина тоа не е битно. Поезијата може да даде значење на животот.

 

Иако според територијата Македонците живеат во мала земја, имаат големо историско и културно значење. Тука има многу поети и често малите земји манифестираат голем дух и генијалност. Според мене, Македонците треба да имаат самодоверба во себе си, во духовните и во природните богатства. Денес на цена е индустриската и економската моќ. Но, ова богатство е многу позначајно за иднината!

 

 

Билјана Жеревска