Росберг победник, Хамилтон фантастичен

20.07.2014 17:10

Многу акција, претекнувања, инциденти, се она што Формула 1 ја прави атрактивна беше белег на трката за германското гран-при на патеката Хокенхајм. На крајот Росберг на првата позиција, Ботас и Хамилтон го комплетираа подиумот, но возбудувањата почнаа уште на стратот.

Контактот  на првиот свиок меѓу третиот и четвртиот на стартот Маса и Магнусен, атрактивно го исфрли бразилецот од трката, помина без последици, но и продолжи со малерозните трки.

Од Хамилтон не можеше и да се очекува ништо друго. Лошите квалификации по атрактивното излетување и дополнителната казна поради промена на менувачот го поставија на 20-тата позиција на стертот, но нападна уште во првиот круг и брзо ги достигна водечките 5. Ја менуваше стратегијата во од,го оштети болидот по контактот со Батон, имаше еден бокс повеќе од другите и на крајот стигна до пиедесталот. До место повисоко го одалечи одличниот млад финец Валтери Ботас кој знаеше како да се одбрани во последните кругови и по трет пат во серија го вкуси победничкото шампанско како второпласиран.

Нико ја посакуваше победата на домашното гран при, водеше од почеток до крај за 4-от триумф сезонава , 7-ми во кариерата и зголемена предност во генералниот пласман во однос на Хамилтон на плус 14. Добра трка за Ред Бул, Фетел заврши четври, Рикардо 6-ти, а меѓу нив Алонсо кој и натаму ја брани честа на Ферари откако Раиконен е само бледа сенка со денешното 11 место. Одлична трка што ќе се прераскажува , барем во наредните 7 дена до унгарското гран при кое ќе ја означи и летната пауза во најбрзиот спорт.