Евроамбасадорот им го предаде извештајот на властите
Евроамбасадорот, Михалис Рокас попладнево им го предаде извештајот на претседателката, премиерот и на собранискиот спикер. Власта со првични коментари…

За два месеца не сме направиле чуда, граѓаните живеат тешко и мора да се работи за да сме смени ситуацијата на подобро, да се бориме против корупцијата и криминалот, истакна премиерот Мицкоски откако му беше предаден извештајот за напредокот на земјава. Евроамбасадорот Рокас даде поддршка за спроведување на реформите.
Според претседателката Сиљановска Давкова, крајно време е да почнеме преговори со ЕУ, бидејќи во спротивно се нарушува кредибилитетот на Брисел. И таа и собранискиот спикер Гаши сметаат дека извештајот објективно ги отсликува проблемите и треба да се работи на спроведување на реформите.
Извештајот за напредок на земјава ќе ѝ биде даден и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
Наташа Јанчиќ-Менковски
