Финансирање од ИПАРД 3 програмата
Со новиот ИПАРД оглас кој треба наскоро да се објави на земјоделците и бизнисмените на располагање им стојат субвенции за алтернативно земјоделство, градинки, старечки домови, ветеринарни служби или рурален туризам. Поддршката изнесува 60 проценти од вредноста на инвестицијата. Досега од ИПАРД 3 програмата триесет земјоделски стопанства и 6 бизниси во рурални средини ќе инвестираат во основни средства и проекти …

Со досега потпишаните договорите за финансирање од ИПАРД 3 програмата парите се за инвестиции во основни средства во земјоделските стопанства за прифатливи трошоци од минимум 20.000 до максимум 750.000 евра.
Средства има и за развој на бизниси во руралните средини за 6 барања. За алтернативно земјоделско производство, преработки, за производство на прехранбени и не-прехранбени производи и пијалоци и поддршка на занаетчиски активности и услуги за селското население.
Вредноста на проектите е од 10.000 до 600.000 евра.
Сумата за вкупните прифатливи трошоци за инвестиции во основни средства во огласот тежи 3,5 милиони, а за развој на бизнисите во руралните подрачја 880.000 евра.
Во македонското земјоделство со ИПАРД 3 програмата вкупните инвестиции изнесуваат 210 милиони евра.
97 милиони се грантови од ЕУ, државни пари се 31 милион, а 82 милиони евра се кофинансирани од земјоделците корисници на оваа програма.
Методија Трајков
