Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
31.10.2024 08:04
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.
