Политика

Во Собранието пратенички прашања – први на новиот парламентарен состав

31.10.2024 08:21

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата...

Собранието денеска ќе ја одржи 18-тата седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања, кои ќе бидат први на новиот парламентарен состав.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот.