Украина

Руските трупи напредуваат на фронтот

31.10.2024 08:32

Воената управа на Купјанск истакнува дека руските војници се на само три километри од центарот на градот во областа Харков...

Воената управа на Купјанск истакнува дека руските војници се на само три километри од центарот на градот во областа Харков, откако претходно ја зазедоа Кругљаковка. Во воздушни напади врз областа уништен дел од зграда, има голем број повредени лица-соопшти Киев. Наспроти напредокот на руските трупи, Зеленски изјави дека земјата добила само 10 насто од одобрената помош од американскиот Конгрес. Го прекори Вашингтон за протечените информации дека барал ракети „томахавк“, но и дека гласот против присуството на севернокорејските војници во Русија не е доволно кренат.

„Гласот на западните партнери, на глобалниот југ и Кина не е доволно гласен за севернокорејскиот контингент во Русија. Мислам дека тоа е многу опасно. Тоа ја отвора новата страница во оваа војна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.