Скопје

Регионална конференција „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан“

31.10.2024 08:34

Денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“.

Во организација на Германската хуманитарна организација Arbeiter-Samariter-Bund (АСБ) и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“.

Проектот е финансиран од Владата на Германија и имплементиран од АСБ и локалните власти и невладини организации од 11 општини во Западен Балкан.

На конференцијата најавено е обраќање на заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, заменик амбасадорот на Германската амбасада во Северна Македонија Јан-Аксел Фос, како и министри и советници на министри од Босна и Херцеговина, Косово и Србија.