Изложба „Современа скулптура 2024“
Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура.
Вечерва во Галерија КО-РА во Дом на култура „Кочо Рацин“, се отвора традиционалната изложба на ДЛУМ „Современа скулптура“. Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 11-ти ноември.
Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата.
На изложбата ќе учествуваат со дела авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Марина Цветановска-Мартиновска, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.
Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, којашто ќе биде соопштена на отворањето на изложбата.
Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.
