мвр

Приведен бегалец од затвор

31.10.2024 11:21

Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната...

На 31.10.2024 во 02.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода  Б.С.(46) од Тетово, кој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, информираат од МВР.