Македонија

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Оперативно-техничката агенција

31.10.2024 12:00

Со меморандумот се потврдува заедничката заложба во насока на подобрување, унапредување и развој на меѓуинституционална соработка...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорката на Оперативно-техничка агенција (ОТА) Марија Јаническа, потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Со меморандумот се потврдува заедничката заложба во насока на подобрување, унапредување и развој на меѓуинституционална соработка, со особени заложби за унапредување на ИКТ, дигитализација и сајбер безбедност.