Образование

Нов Предлог-закон за учебници

31.10.2024 12:21

Предлог-законот за учебници од вчера е на етер, јавноста може да дава сугестии изјави министерката за образование Весна Јаневска. За проблемот со недостиг на учебници во Тетово, Јаневска вели дека Министерството испорачало онолку колку што побарале училиштата, а кои за да ги поштедат родителите, не ги пријавиле оштетените учебници...

Измените на новиот закон за учебници ќе се однесуваат на процедурата за конкурирање на издавачките куќи со што би се надминал проблемот со учебниците кој државата го има во последните години. Недостигот од 20.000 учебници во Тетово според министерката Јаневска е нереален, бидејќи наставниците не ги пријавувале учебниците за да се поштедат родителите.

40 милијарди денари од буџетот се предвидени за образование што е за 10 повеќе од минатата година вели министерката. Очекува дека ќе се мотивираат просветните работници со повисоките плати и ќе се подобри квалитетот на образованието.

Подготвен е инвестициски план за подобрување на инфраструктурните услови подеднакво во сите општини, најави министерката Јаневска.

 

Александра Велинова