Пратенички прашања

Филипче до Мицкоски: Потврдивте дека немате план за ЕУ

31.10.2024 12:35

Тој потенцираше дека Владата на ДПМНЕ го запираат патот кон ЕУ и побара од Мицковски да биде искрен и да признае дека тој лично нема верба во Европа...

Потврдивте дека немате план за патот кон ЕУ, па затоа и не одговоривте на ова прашање, ниту пак кажавте дека воопшто имате некаков план, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес во Собранието, на седницата за пратенички прашања.

Повторно кажувате дека нешто разговарате и дека нешто се случува во Брисел или Вашингтон, но не кажувате што е тоа, ниту пак дали имаме некаква временска рамка. Од ’91 година до сега, ниту една Влада во Македонија, немало, а да нè работи за Европа. Напротив, секоја влада во рамките на својот капаците и можности, го правела тоа и сега првпат, кога Европа е на дофат, Мицкоски и ДПМНЕ го запираат патот, којшто генерации наназад го чекаа и очекуваа, рече Филипче.

Тој потенцираше дека Владата на ДПМНЕ го запираат патот кон ЕУ и побара од Мицковски да биде искрен и да признае дека тој лично нема верба во Европа и европските вредности, а ниту план како да ја внесе државата во ЕУ.