ИЈЗ: Нови 42 случаи на грип
Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица по едно лице...

Од 21 до 27 октомври во државава пријавени се 42 нови случаи на грип што е за 16 проценти помалку во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица по едно лице. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 23 лица, 11 деца се возраст од пет до 14 години и осуммина на возраст над 65 години.
Заклучно со 43-тата недела пријавени се вкупно 148 случаи.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО.
Досега вакцинирани се вкупно 34.460 лица.
