Копман: Македонија меѓу трите земји-кандидатки кои изминатава година не направиле значителен напредок во реформите
Копман повтори дека услов за отворање на првиот кластер поглавја остануваат уставните промени.
Директорот на Директоратот за проширување, Герт Јан Копман во анализа на извештаите за напредокот за земјите-кандидати, ја смести Македонија во трите земји кандидатки кои во изминатата година не направиле значителен напредок во реформите и кои мора да се потрудат да го надоместат тоа наредната година. Копман повтори дека услов за отворање на првиот кластер поглавја остануваат уставните промени.
„Северна Македонија мора да ја испорача обврската да ги усвои уставните промени кои вклучуваат недискриминација на граѓани од сите етнички припадности. Ова сè уште не е направено. Владата знае дека е услов за отворање на кластерот еден и напредување во преговорите. Плус има и други реформи, што владата мора да ги направи. Ова е нова Влада која има нова платформа, но по нашите разговори се надевам дека ќе можат да ги направат и да стигнат во блиска иднина. За ова од Владата дадоа јасни индикации дека ќе го направат тоа“, изјави Копман.
Директорот на Директоратот за проширување изјави дека Македонија е целосно усогласена со европската надворешна и одбранбена политика.
