МВР

Тошковски на средба со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

31.10.2024 13:27

Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. На средбата, како што соопштуваат од МВР, беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

На средбата беше разговарано и  за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал.

Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцираше дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес, соопштуваат од МВР.