статистика

Индустриското производство во пад, во септември намалено за 7,9 проценти

31.10.2024 20:40

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика...

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10.0%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 14.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 2.4%.