Куманово ќе нема проблеми со вода ова лето

20.07.2014 17:45

4,8 денари е новата цена на сировата вода во Куманово, со препорака ЈП Водовод редовно да го сервисира заостанатиот долг надлежните ветуваат доволно вода и за повисоките градски зони.

По неколку години недоразбирања и проблеми околу цената на сировата вода во Куманово директорите на Водостопанство и Водовод со посредство на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се договорија за цена на метар кубен со вклучен ДДВ од 4,8 денари. Граѓаните порачаа двете претпријатија да испорачуваат вода и да нема покачување на водата.

„Вововод треба да си исплаќа за испорака на вода зашто ние плаќаме вода кон нив, кај се парите од наплатата?“

„Како другите претпријатија во Македонија можат да опстанат, овие кај нас не можат, како кај го има ова?“, прашуваат анкетираните кумановци.

Договорот кој го постигнаа двете претријатија е за една година, со препорака до Ј.П Водовод редовно да го сревисира заостаниот долг кон Водостопанство.

„Ние не бегаме од овој долг иако уште еднаш ќе кажам дека е нерелаен и фиктивен. Но, се надеваме дека уште еднаш со помош на Министерество за земјоделство ќе најдеме модус како да ги решиме овие долгови“,  изјави директорот на Ј.П. Водовод, Горан Стојковски.

Директорот на Кумановско липковско поле не сакаше да ја коментира одлуката и остана на ставот дека водоснабдувањето на градот ќе се регулира откако ќе се потпише писмен договор со ќе се прецизираат обврските на двете претпријатија.

Решението беше донесено ветува дека кумановци ќе имаат доволни количини на вода со што ќе бидат задоволени потребите и во повисоките градски зони.

Габриела Димковиќ