Украина

Продолжуваат борбите на украинскиот фронт

31.10.2024 18:47

Од копно и од воздух продолжуваат борбите во Украина. Расте црниот биланс по нападите врз цивилната инфраструктура...

Од копно и од воздух продолжуваат борбите во Украина. Расте црниот биланс по нападите врз цивилната инфраструктура.

Русија нотира за освоени стратешки села, во момент кога Киев возвраќа на нападите. Украинскиот претседател вели дека земјата добила само 10 насто од помошта од САД.

Го прекори Вашингтон за објавувањето податоци дека Украина бара ракети „Томахавк“, но и дека гласот на Западот против присуството на севернокорејските војници во Русија, не е доволно кренат.