Борбите на Блискиот Исток ги оставија цивилите во тешка положба
Борбите на Блискиот Исток ги оставија цивилите во тешка положба. Во Газа хуманитарната состојба е катастрофална, а здравствениот систем уништен. Американски високи функционери вклучувајќи го и шефот на ЦИА, со засилен притисок на Блискиот Исток во обид да ги решат конфликтите со милитантните групи.

Додека беснеат битки на фронтот во Газа, цивилите се борат да преживеат. Недостигаат храна, вода и лекови. Расте притисокот врз меѓународните организации. Здравствениот систем во Газа е уништен, стои во извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ООН.
„На целиот Појас Газа му недостига медицински третман за луѓето. Ситуацијата е крајно лоша“, изјави жителка на Газа.
Од УНРВА предупредуваат дека нивната забрана остава вакуум што ќе чини повеќе жртви и ќе донесе дополнителна нестабилност. Тел Авив тврди дека помошта ќе биде обезбедена преку други меѓународни агенции.
„Апсолутно нема друга агенција на ОН или меѓународни невладини организации кои се наменети да обезбедат директни јавни услуги на толку голема популација“, изјави Филип Лазарини, генерален комесар на УНРВА.
И не само во Газа, и жителите на Либан ги чувствуваат последиците од војната. Раселените пред и за време на Израелската офанизива велат дека војната им ги зела дури и спомените. Изминатата година се регистрирани над шест милиони палестински бегалци и 1,2 милиони бегалци од Либан.
„Не можеме да го разбереме ова и имаме различни сценарија во нашата глава. Се сеќавам на секој агол од домот, за жал тој е уништен“, изјави жител на Либан.
„Не разбирам како ќе се вратиме таму, а немаме дом. Куќата не е составена само од тули, куќата е составена од спомени“, изјави жител на Либан.
Американски високи функционери вклучувајќи го и шефот на ЦИА, со засилен притисок на Блискиот Исток во обид да ги решат конфликтите. И додека нападите продолжуваат со несмален интензитет, претставник на Хамас вели дека бараат траен прекин на огнот, а не привремено примирје.
„Сакаме да видиме прекин на огнот, дипломатска резолуција што ќе им овозможи на цивилите во Либан и Израел да се вратат во своите домови“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт Департментот.
Објавен извештај и за напредок во преговорите со Хезболах во момент кога милитантите извршија напад врз Северен Израел. Како дел од напорите на израелската одбрана да спречи трансфер на оружје од Иран до Хезболах во Либан, нападнати складишта за оружје и командни центри на Хезболах во Сирија.
Маријана Димовска
