Корупцијата ја поткопува бизнис климата
Корупцијата, сивата економија и владеењето на правото се најголемите предизвици за бизнис интегритетот и стопанската клима во земјава. Најголем проблем е корупцијата. Стопанската комора во Прилеп со прва обука за „бизнис интегритет“...

Дури 53 насто од македонските приватни компании што ги анкетирала Стопанската комора за корупцијата во 2023 година, добиле коруптивно барање. Најмногу, 78 проценти, стигнале од централната, државна власт. При одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, тендерски постапки се барале пари, услуги или подароци. Им се барале од 1.000 до 10.000 евра, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот.
Неопходни се мерки, независен судски систем. Европската унија подготвува документ за членките, а треба и ние да го следиме примерот.
Стопанската комора во Прилеп, ја спроведе првата обука во земјава за бизнис интегритетот и предизвиците со кои се соочуваат компаниите.
Елизабета Митреска
