Истекува мерката за ограничена маржа во есенската потрошувачка кошничка
Уште денеска важи владината мерка за ограничена маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 насто. Граѓаните велат дека не заштедиле, надлежните најавија поригорозни мерки ако дојде до зголемување на цените…

Истекува мерката замрзнати маржи во есенската потрошувачка кошничка. Граѓаните велат не почувствувале значителни заштеди во домашниот буџет бидејќи трговците претходно значително ги зголемиле цените. Кај нив не постои загриженост дека за над 70 производи меѓу кои и лебот, млекото и месото ќе се вратат старите цени
„Ништо не сме заштедиле, цените се исти“, „Кај што е намалено, намалена е и грамажата“, „Какви заштеди, во минус сум. Сакам да купам ама не можам“, „Се зголемуваат, па се менуваат ливчиња купувајте за себе и не знаеме што е зголемено, а што е намалено, важно парите дома ги нема“, „Евентуално лебот, друго ништо“, „Прво ги зголемија цените, па после демек заштеда. А истовремени ни дадоа 2.500 денари за да ги потрошиме“, велат граѓаните.
Ако цените веднаш поскапат, надлежните најавуваат дека имаат механизми како да го заштитат стандардот на граѓаните. Трговците уверуваат дека нема да се зголемат цените во следниот период, прво ќе се прават соодветни анализи и ќе се реагира согласно со состојбите на пазарот.
„Во овој момент и натаму сметам дека во еден извесен период до Нова година, нема да има промена на цените. Но тука треба да се види и учеството на за нефер трговски практики, како тоа ќе профункционира во реалноста. Тој само што почна да функционира но сепак има многу внатрешни недоследности, недоречености, потребно е да се направат анализи и да се утврдат сите одговорности“, вели Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори.
Од Сојузот на синдикати веќе излегоа со став за мерката есенска синдикална кошничка, не ги дала посакуваните резултати. Според податоците, вредноста на минималната синдикална кошница за октомври е за 57 денари помалку од таа во септември. Односно, на едно четиричлено семејство месецов му биле потребни 61.249 денари за покривање на основните месечни потреби.
Во наредниот период од Владата најавува потрошувачки кошнички кои ќе бидат активни пред и за време на празниците. Токму кога цените на основните прехранбени производи вообичаено се зголемуваат, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Андријана Ѓурческа
