Потрошувачка

Повисоки цени во маркетите во руралните средини

31.10.2024 17:39

Седумдесеттина основни прехранбени производи уште денеска имаат ограничена бруто-профитна маржа. Колку помогна оваа мерка за жителите во руралните средини, каде маркетите не се толку снабдени како во градовите, а и цените главно се повисоки...

Мерката за ограничување на маржата во есенската кошничка скоро и да не се почувствува во селата во штипскиот регион. Дел од селата воопшто и немаат продавници, а таму каде ги има, цените главно се повисоки од големите маркети во градот.

Животот на село овозможува производство на сопствена храна, што е поволно за домашниот буџет.

Според економистите, скапата храна е резултат на слабата понуда на домашна храна и нашата увозна зависност.

Очекувањата се дека во стабилизирање на цените ќе придонесе и Законот за нефер трговски практики, со кој маржата на околу 2.500 артикли се ограничува до 10 насто.

 

Славица Величковска