Битола

Порибување на акумулацијата „Стрежево“

31.10.2024 17:53

Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола согласно законот за рибарство и аквакултура денеска изврши порибување на акумулацијата „Стрежево. Порибувањето се врши согласно годишен план за заштита и стопанисување со рибите...

Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола согласно законот за рибарство и аквакултура денеска изврши порибување на акумулацијата „Стрежево. Порибување на риболовни води може да врши концесионер којшто има склучено договор со Владата, а порибувањето се врши согласно годишен план за заштита и стопанисување со рибите.

И покрај редовните рибочуварски контроли, рибокрадците во акумулацијата „Стрежево“, минатата сезона видоа шанса каде преку ноќ може да се собере добар плен. Казни се издаваат за непочитување на законот за рибарство и аквакултура, а истите за лошите навики на рибокрадците се високи.

Стрежевската акумулација е збогатена со рибен подмладок од сопствени финансиски средства.

 

Ружица Ѓоршевска