ЈП Водовод и канализација

Улица и градинка на Водно утре без вода

31.10.2024 21:21

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, велат од „Водовод и канализација“...

Од ЈП „Водовод и Канализација“ најавуваат дека утре (петок) поради дефект на приклучна цевка на улицата „Тасино Чешмиче“ бр. 5, без вода ќе останат корисниците на дел од улицата „Тасино Чешмиче“ и градинката „Кочо Рацин – Панорама“ на таа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, велат од „Водовод и канализација“.