Временска прогноза
Променливо облачно време со сончеви периоди
01.11.2024 07:50
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.
