Со мексиканската варијанта на „Хенри четврти“ отворен вториот „Битола Шекспир фестивал“
Синоќа со претставата Хенри-четврти во режија на Хуго Аревилјага Серано а во изведба на Националниот Театар – Мексико се подигна завесата на второто издание на Битола Шекспир фестивал. На осумте фестивалски фечери посетителите ке имаат можност да ги проследат најпознатите шекспирови дела. Половината од претставите ке ги изведат македонските театарски куки.

Мексиканската, Хенри- четврти синока го означи поч етокот на вториот битолски Шекспир фестивал. Продолжението на минатогодишната приказна инспирирана по гостувањето во лондонскиот Глоб овозможи Битола веке да биде ставена на мапата како една занчајна локација каде публиката ќе може делата на великанот на светската драматургија да ги проследи преку иновативниот пристап на различни актери од светот.
„Доаѓам специјално на отварањето, затоа што пред една година бев во латинска Америка и до некаде се запознав како таму прават театар. Со посебно внимание ќе ја гледем вечерашнава претстава и начинот на кој ќе се претстават гостите од Мексико“, вели Софија Ристовска.
„Со оглед на тоа колку актери доагаат однадвор вреди да се дојди. Сметам дека ќе биде интересно затоа што е од друго говорно подрачје“ вели Милка Велјановска.
Од постоењето на македонскиот театар на битолската сцена се одиграни убедливо најповеќе шекспирови дела. Овој фестивал несомнено е еден голем чекор напред за афирмацијата на нашите театарски креативни можности.
„Тоа е еден од најкусите патишта како нашиот театар да го однесме во светот и да го покажиме тоа што ние тука го работиме“, рече директот на битолскиот театар Валентин Светозарев.
До крајо на фестивалот шекспировите текстови ќе се слушнат уште на неколку странски јазици. Вечерва сцената е резервирана за нашиот театар „Комедија“ од Скопје кој ќе ја одигра претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски.
Стевче Митревски
