Расте бројот на жртви од поплавите во Шпанија
Бројот на исчезнати и натаму не е утврден, спасувачките напори продолжуваат. Помошта по копно, море и воздух се зајакнува...

Над 150 жртви во поплавите во Шпанија. Бројот на исчезнати и натаму не е утврден, спасувачките напори продолжуваат. Помошта по копно, море и воздух се зајакнува, уште 500 војници од единицата за итни случаи се приклучуваат на терен. Се работи на обновување на услугите за вода и струја. Уапсени се речиси 40 лица поради грабежи наспроти недостигот на храна.
„Безбедноста на населението ни е најважна. Ги ставивме на располагање сите владини ресурси за отворање на општинските патишта и автопати за да се обезбедат потребните продукти и нивна дистрибуција. Дел од домовите добија струја и сè уште работиме на тоа, како и на нормализирање на водата за пиење. Снабдувањето со гас е обновен“, изјави Анхел Виктор Торез, министер за територијална политика на Шпанија.“
Опасноста од феноменот Дана сè уште постои, велат властите и апелираат на будност.
