Блиски Исток

Тензиите високи, примирјето неизфвесно

01.11.2024 08:11

Тензиите на Блискиот Исток остануваат високи, додека секојдневно расте бројот на жртви во израелските напади во Газа, јужен Либан и погранична Сирија...

Тензиите на Блискиот Исток остануваат високи, додека секојдневно расте бројот на жртви во израелските напади во Газа, јужен Либан и погранична Сирија. Северот на Израел пак, станува се почеста мета на проиранските групи. Наспроти борбите, дипломатсктие напори за ставање крај на насилствата, неизвесни. Додека САД подготвуваат мировен план меѓу Израел и Хезболах, Иран најавува силен одговор за израелскиот напад.

„Мислите дека можете да ја промените приказната за доминација на големата сила наречена Ислам со истрелување неколку проектили? Уште еднаш направивте грешка, ќе го вкусите одговорот-незамислив одговор!“-изјави Хосеин Салами, врховен командант на револуционерната гарда на Иран.

Тел Авив внимателно ги оценува заканите. Во однос на договорите во Либан, велат дека ја ценат поддршката на САД, но остануваат на политиката дека нивните понуди се прифаќаат само кога се возможни. Во истовреме, Саудиска Арабија го критикува Израел за наметнување нови барања за кои велат дека постојано ги попречуваат напорите за прекин на огнот во Газа.