Продолжува притисокот на руските сили на украинскиот фронт
Киев јавува за соборени дронови и крстаречки ракети, возвраќајќи со удари на руско тло. Зеленски изјави дека Северна Кореја го вовлекува целиот азиски регион во војна со присуството на војници на границата со Украина...

Притисокот на руските сили продолжува на украинскиот фронт. Киев јавува за соборени дронови и крстаречки ракети, возвраќајќи со удари на руско тло. Москва соопшти дека гори нафтена рафинерија во Ставрополскиот регион. Зеленски изјави дека Северна Кореја го вовлекува целиот азиски регион во војна со присуството на војници на границата со Украина.
Според извештаите на САД околу 8 илјади војници се распоредени во руски Курск. Шефот на американската дипломатија ја повика Кина да го заузди Пјонгјан додека не биде доцна. Јужна Кореја пак, тврди дека нејзиниот сосед и испорачал на Москва над илјада проектили.
„Кина треба да стори повеќе за да ги спречи провокативните дејствија на Северна Кореја. Севернокорејските војници ќе станат легитимна воена цел доколку влезат на бојното поле. Сè уште не сме сведочеле на распоредувањето на овие војници во борби против украинската војска, но очекуваме тоа да се случи во наредните денови“, изјави Ентони Блинкен - државен секретар на САД.
