Ракомет – СП Катар 2015

Сеедно против кого, но не мора и против Германија!

20.07.2014 18:13

На Светско првенство нема лесни противници, но желбата на македонските ракометари е да ја избегнат Германија во фазата по групи на мундијалот во Катар наредната година. Осминафиналето е минимум, а пласманот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016-та е посакуваната цел на македонската репрезентација на четвртото учество на Светските шампионати.

Со пласманот во втората и главна фаза на првенството во Хрватска во 2009-та и како осминафиналист во Шпанија пред две годни, нашата репрезентација од третата квалитативна група ќе го чека вечерашното извлекување во Доха на противниците на мундијалот во 2015-та. Македонија е во истиот шешир што значи дека нема да може да игра против Русија, Алжир и Катар кој како домаќин, на крајот на процедурата ќе може да бира во која група ќе настапи. Носители ќе бидат светскиот првак Шпанија, европскиот Франција, сребрената на шампионатот на стариот континент Данска и четвртопласираната Хрватска.

Во втората конкуренција се Босна и Херцеговина, Полска, Шведска и Словенија. Во четвртата, Австрија, Аргентина, Белорусија и Чешка. Во петтата, Тунис, Египет, Бразил и Бахреин и од шестата, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Чиле и Германија која по откажувањето на Австралија, со специјална покана на ИХФ, но без вистински критериуми, сепак ќе настапи на Светскиот шампионат што од 15 јануари до 1 февруари 2015-та ќе се одигра во четири сали во два града, Доха и во Лусаил. Форматот е ист како и пред две години, по четири од шесте репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето.