ОЈО Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава против директорот на АНБ
Од Обвинителство потврдуваат дека до нив е пристигната анонимна пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава, против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски. Од Обвинителство потврдуваат дека до нив е пристигната анонимна пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува.
Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа „Јулија“, чии сертификати во неколку случаи се прогласени за фалсификати.
Ова е прва предистрага во Обвинителството за Христовски и неговото назначување поради сомнежи дека не исполнува повеќе услови за вршење на највисоката безбедносна позиција во државата.
