Битола

Најголем дел од битолчани и оваа година домовите ќе ги затоплуваат на огревно дрво

01.11.2024 12:09

Зимата е на прагот, граѓаните веќе ги затоплуваат своите домови, најголем дел од нив тоа го прават со огревно дрво. Проблемот кој низ годините го имаа, оваа година е надминат и сите порачани количини, веќе се доставени до нивните домови, велат од шумските претпријатија и од Здружените на пензионери во Битола. Проблемот со затоплувањето е решен, но проблемот со загадениот воздух сè уште е присутен-посочуваат од Здруженијата за чист воздух...

Најголем дел од граѓаните и оваа година своите домови ќе ги затоплуваат со огревно дрво. Само што застуди, оџаците почнаа да чадат. Ако изминатите години поголем дел од битолчани и до декември ги чека огревните дрва, годинава го немаат тој проблем. Од шумските претпријатија и од Здружението на пензионери во Битола, велат сите нарачани количини се доставени до граѓаните.

Дека проблемот со набавка на огревно дрво е надминат, потврдија и граѓаните, велат оваа години пред да започне грејната сезона веќе ѓи имаат порачаните количини во своите домови.

Состојбата со квалитетот на воздухот во Битола низ годините е непроменет, во зимскиот период најголема причина за аерозагадување е загревањето, пред сè на институциите, но и на домаќинствата, тоа го потврдуваат мерните станици, кои и пред почетокот на зимата покажуваат зголемено ниво на присуство на штетни ПМ честички во воздухот велат од платформа за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Земи здив“

Започнатите проектите како „Топлификација“, кој за почеток предвидува приклучување на 36 институции, но и субвенциите за инвертер уреди од општината, се надеж дека во иднина аерозагаденоста во Битола ќе биде намалена.

 

Александра Максимовска