Џикиќ претпазлив оптимист!
Без разлика на заминувањето на речиси комплетната генерација која беше четврта во Европа, амбициите на македонската кошаркарска репрезентација не се менуваат. И со подмладен состав, целта на Македонија е по петтипат и четврти по ред да се пласира на Европското првенство и тоа во Украина следната година.

Без разлика на заминувањето на речиси комплетната генерација која беше четврта во Европа, амбициите на македонската кошаркарска репрезентација не се менуваат. И со подмладен состав, целта на Македонија е по петтипат и четврти по ред да се пласира на Европското првенство и тоа во Украина следната година. Обврската на новиот селектор Александар Џикиќ не е едноставна, но резултатите во Охрид покажуваат дека овие кошаркари имаат желба за докажување и потенцијал коишто ќе бидат на вистински тест на турнирот во Скопје од 25 јули против квалитетни репрезентации како Полска, Италија и Црна Гора. По трите победи против Австрија, Романија и Грузија, селекторот Џикиќ во мини интервју за Македонската телевизија зборуваше за впечатоците и за очекувањата.
- Како сте задоволен од настапот на Македонија на трите натпревари што преставуваат ваше деби на клупата?
Џикиќ: „Остваривме победи, но знам дека можебе подобро, но и полошо. Имаме периоди на добра игра, но и периоди кога точно се гледа неискуството и недостигот на минутжа кај некои играчи од кои јас очекувам да бидат добар дел од репрезентацијата. Составот е тој, продолжуваме натаму. Ова се само подготвителни мечеви, тежината е кога ќе почне она вистинското, кога ќе се обидеме да се пласираме на Европското првенство“.
- ЕП е приоритет, преку августовските квалификации, но јасно е дека ова не е најдобриот состав којшто го има Македонија. Дали според вашите очекувања, го добивата максимумот од овие кошаркари?
Џикиќ: „Кога би имале време можеби и би можеле да ги споредуваме овој и составот од 2011-та година! Момчињата работат, се трудат, јас не можам да барам нешто од нив што го немаат и што не можат.
- Не очекува турнир со три силни репрезентации. Дали сме подготвени за вториот чекор во подготовките?
Џикиќ: „Не знам, ќе видиме. Мораме да се обидеме. Не очекував ни сега да оствариме вакви резултати, но се случија. Прво да видиме со какви состави ќе настапат Полска, италија и Црна Гора, па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа. Се надевам дека Крстевски и Хендрикс ќе се вклопат што побргу затоа што и онака сме малку“.
– Неблагодарно е да се прогнозира, да не бевте оптимист веројатно нема да ја прифатите оваа задача, но има ли оваа Македонија квалитет за пласман на Европскиот шампионат?
Џикиќ: „Не зависи тоа само од нас, зависи од многу фактори, од противниците, од тоа дали ФИБА сака да не види на тоа ЕП, од повредите, од се. Но, ние ќе го направиме тоа што е до нас.“
